[ФОТО] По подолго време се појави и ги воодушеви сите: Бијонсе и понатаму е на модниот трон

Точка

10/10/2024

14:18

3.101

Големина на фонт

а а а

Прекрасна Бијонсе ги воодушеви сите со својот моден избор и фантастичната силуета, а целокупниот нејзин изглед беше во стилот на Мерлин Монро.

По успешната реклама за „Levi’s“, во која Бијонсе се појавува во провокативно издание, сега пејачката се појави и во јавноста, а со совршеното ретро издание ги воодушеви сите.


Овој пат стајлингот на позната пејачка беше во стилот на Мерлин Монро, а таа изгледаше потполно поинаку од вообичаеното. Секое парче облека беше внимателно комбинирано, а доминираше жолтата боја.


Бијонсе носеше долга свилена сукња, тесна, жолта, плетена маичка – хитот на оваа сезона, а носеше и капут со впечатливо крзно. Покрај ова таа имаше и жолти ракавици, жолт каиш и чанта во облик на плик.

Пејачката својот стајлинг го комплетираше со високи сандали на платформа и очила за сонце кои не ги соблекуваше.


Обожавателите на пејачката веќе беа загрижени поради нејзиното непојавување во јавноста, но сè е во најдобар ред – Бијонсе е тука, маѓепсува како и секогаш со препознатливата насмевка и прекрасната силуета.