[ФОТО] Лејди Гага стана мајка: Го доби првото дете со свршеникот Мајкл Полански

Точка

12/09/2026

09:29

1.111

Големина на фонт

а а а

Лејди Гага и нејзиниот свршеник Мајкл Полански го добија своето прво дете. Засега не се познати детали како името, полот или точниот датум на раѓање. Тричленото семејство за првпат беше забележано заедно во Северна Калифорнија, а „Пејџ Сикс“ објави фотографии.

Музичарката, која има 40 години и 42-годишниот претприемач се свршија во март 2024 година. Во последните неколку месеци тие не се појавуваа во јавноста, што поттикна шпекулации за нивната врска.

Повлекување од јавноста

Гага, чие вистинско име е Стефани Џерманота, не беше видена во јавноста од август, кога во Северна Калифорнија се фотографирала со обожавател. Пред тоа, во мај била снимена на еден настан во Лос Анџелес.

Во април ја завршила светската турнеја „The Mayhem Ball“, која траела речиси девет месеци и опфатила 86 концерти.


Извор близок до пејачката за „Пејџ Сикс“ изјавил дека таа „всушност немала приватен живот уште од својата 22-годишна возраст“ и дека се повлекла од јавноста по завршувањето на турнејата. Тој додал дека „сè е во ред“ и дека сите се среќни што Полански е покрај неа.

„Тие создадоа неверојатна оаза на љубов. Се чини дека тоа за неа е многу безбедно место“, рекол изворот.

Желба за мајчинство

Гага и Полански се во врска од 2019 година. Се свршија во март 2024 година, а пејачката потоа во повеќе наврати отворено зборувала за својата желба да стане мајка.


„Многу се радувам што ќе станам мајка. Порано имав многу стравови во врска со тоа“, рекла таа во март 2025 година во интервју за „Њујорк Тајмс“. „Најважно ми е да не ги принудувам моите деца да живеат живот што самите не го избрале. Колку повеќе простор им дадеме да откријат кои се, толку подобро. Во тоа најмногу верувам“, истакнала Гага.

Добитничката на Греми тогаш признала дека размислувала за тоа како доаѓањето на дете ќе влијае врз нејзиниот живот. „Понекогаш водам внатрешни борби додека се подготвувам за мајчинството, за кое се надевам дека наскоро ќе ми се оствари“, изјавила таа. „На пример, денешниот ден е прекрасен, но целиот ден се вртеше околу мене. Во тоа има неверојатно многу нарцизам“, додала пејачката.


Подготвеноста за новата животна улога ја потврдила и во октомври 2025 година во емисијата на Стивен Колберт. „Би сакала да правам многу работи. Сите опции се отворени. Но, она што навистина го сакам е да бидам мајка. Се надевам дека тоа ќе биде мојата следна главна улога“, изјавила тогаш пејачката.