[ВИДЕО] Оваа навика која ни ја имаат „вкоренето“ нашите мајки и ја практикуваме веднаш кога ќе се разбудиме, всушност е многу опасна по здравјето: Познатиот доктор ги шокирал сите со неговото излагање

Точка

17/10/2024

16:16

1.952

Големина на фонт

а а а

Веројатно припаѓате на оние кои веднаш кога стануваат, прават една работа и тоа им стана навика. Општиот доктор Сермед Межер од Лондон вели дека тоа е сосема погрешна рутина која може да биде штетна за здравјето.

Дали го средувате креветот веднаш штом ќе се разбудите? „Оставете го креветот несреден, вашето здравје ќе ви се заблагодари“, вели докторот и додава дека никогаш не сме сами во креветот бидејќи „таму живеат милион грини кои се хранат со нашето ткиво преку ноќ“.


Грините се ситни паразити кои се наоѓаат во нашите домови, особено во постелнината, теписите и домашната прашина. Тие се хранат со првут и мртви клетки на кожата, како и со други органски материи, пишува „Independent“. Како што објасни докторот, грините особено добро се развиваат во влажни услови, така што чистењето на креветот веднаш по станувањето само им го олеснува преживувањето и репродукцијата.


Тие особено можат да предизвикаат проблеми кај луѓето со алергии.

„Може да предизвикаат назална конгестија (воспаление) или необјаснив осип“, истакнува тој и предлага да се остави креветот ненаместен 30 минути до еден час по станувањето, бидејќи тоа овозможува влагата да се исуши и да го намали бројот на грини. Совет е да си набавите заштитна постелнина и да ја менувате редовно секоја недела.


Видео на Тикток со лекарскиот совет има 2,6 милиони прегледи. „Добро е што сум мрзелив“, „Секогаш се надевав дека има добра причина зошто не го местам креветот веднаш по станувањето“, некои коментираат дека не ја прават оваа грешка, но има многу кои го прават спротивното.




Спонзорирани линкови

Маркетинг