Полицијата објави нови детали за смртта на пејачот Лиам Пејн

Точка

17/10/2024

21:54

1.632

Големина на фонт

а а а

Музичарот паднал од третиот кат во дворот на хотелот Каса Сур во главниот град на Аргентина, а сега полицијата објави нови детали од истрагата на местото на несреќата

Полицијата во Буенос Аирес објави нови детали за смртта на Лиам Пејн. Тие потврдија дека истрагата на местото каде што почина музичарот е завршена, пишува "BBC". Медиумите јавуваат дека полицијата во хотелската соба во која престојувал музичарот пронашла запалка, мобилен телефон и шише виски.

"Персоналот пронашол тотален хаос и оштетени предмети во собата", додаваат тие.


Тие наведуваат дека пронашле и разни кутии со лекови, тетратка и пасош. Полицијата извести дека прелиминарната обдукција покажала дека Пејн претрпел внатрешно и надворешно крварење и починал како последица од падот.

Лиам бил сам во моментот на падот од балконот, соопшти аргентинското обвинителство, пренесува "Sky News". Без оглед на тоа, тие ја истражуваат можноста за вмешаност на трета страна. Додаваат дека пејачот најверојатно паднал додека бил полусвесен или целосно онесвестен, пишуваат странските медиуми.


Поранешниот пејач на "One Direction", Лиам Пејн, починал на местото на настанот од повеќе повреди, вклучително и фрактура на черепот, кога падна на 14 метри од балконот на хотелот во Буенос Аирес, потврди Алберто Кресенти, шеф на службата за итни случаи во Буенос Аирес, пишува "Daily Mail".

Кресенти открил дека Пејн имал „фрактура на черепот и екстремно сериозни повреди што довеле до непосредна смрт“. Тој додаде дека музичарот бил мртов кога медицинските лица пристигнале во 17 часот по локално време.




Спонзорирани линкови

Маркетинг