Новите фотографии на актерот кој е во тешка состојба ги растажија фановите: Долго се криеше дека е толку лошо

Точка

17/10/2024

23:16

4.126

Големина на фонт

а а а

За време на божиќните празници, еден од најемитуваните филмови е и „Сам дома 2“, каде улогата на работник во хотелот Плаза ја толкува Тим Кари. Меѓутоа, 78-годишниот британски актер имал мозочен удар во 2012 година, поради што сега е во инвалидска количка и мора да има асистент.

Фотографите го уловиле актерот Тим Кари во друштво на двајца луѓе како шетаат во квартот Толука Лејк во Лос Анџелес по посетата на аргентински ресторан. И додека Тим уживал на свеж воздух по вечерата, обожавателите на неговите филмови ги растажија новите сцени на актерот во инвалидска количка.





Поради неговата здравствена состојба, тој почна сè почесто да дава гласови во синхронизацијата на анимирани филмови и серии. Пред девет години, зборувајќи за неговата борба за здравје по мозочниот удар, тој изјавил: „Не е тешко да се задржи смислата за хумор, тоа е само дел од мојата ДНК“, биле зборовите на Тим Кари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг