Илон Маск сега е побогат за 33,5 милијарди долари

Точка

25/10/2024

17:06

2.787

Големина на фонт

а а а

Богатството на американскиот претприемач Илон Маск се зголеми за 33,5 милијарди долари по објавувањето на поволниот извештај на неговата компанија "Tesla" за третото тримесечје за 2023 година, кој го поттикна растот на акциите. Компанијата го објави својот најголем профит од летото 2023 година, а Маск изјави дека очекува раст на испораките на возилата на "Tesla" од 20 до 30 отсто во 2025 година, според њујоршки "Bloomberg".

Богатството на Маск порасна на 270 милијарди долари по растот на акциите и ја зацврсти неговата позиција како најбогат човек во светот на листата на милијардери на "Bloomberg" – 61 милијарда долари пред второпласираниот основач на "Amazon", Џеф Безос.


Третопласираниот извршен директор на "Meta", Марк Закерберг, има имот од 201 милијарда долари, а во првите пет се поранешниот извршен директор на "Oracle", Лери Елисон со 186 милијарди долари и извршниот директор на групацијата "LVMH", Бернард Арно, со 181 милијарда долари.


На листата на десет најбогати луѓе во светот се и ко-основачот на "Microsoft" Бил Гејтс, ко-основачот на "Google" Лери Пејџ, поранешниот директор на "Microsoft" Стив Балмер, инвеститорот Ворен Бафет и другиот ко-основач на "Google" Сергеј Брин, пренесува Танјуг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг