[ВИДЕО] Го донел „голфот“ на сервис, кога мајсторите го кренаа за да го видат дефектот, им паднала вилицата: Веднаш ги извадиле телефоните за да го снимат чудото

Точка

28/10/2024

14:39

16.131

Големина на фонт

а а а

Кога виделе што им донел киентот на поправка, работниците во автосервисот останале зачудени до тој степен што веднаш ги извадиле телефоните и ја снимиле неверојатната сцена.

Сопственикот го донел својот стар „голф“ во сервис во Босна и Херцеговина, а кога механичарите го кренале, откриле дека автомобилот воопшто нема шасија, односно дното на автомобилот е целосно покриено со штици.

„Возилото е технички исправно“, се пошегувале авторите на видеото.

Ништо поразлична не е ситуацијата и во коментарите, каде стотици луѓе се шегуваа на сметка на неверојатната идеја на сопственикот на автомобилот.

„Вака се роди изразот гас до даска“, „Само добар Сандолин, нанесуваш две раце и мирен си барем пет години“, „Формула Балкан“, „Можеше барем паркет да стави“, „Ако тоа е буково дрво, тогаш ок“, „Немал пари за плочки, па ставил паркет“, , „Човекот си ставил ламинат“, се само дел од коментарите под видеото.