Родри од синоќа и официјално е најдобриот светски фудбалер за 2024 година. Шпанскиот репрезентативец и играчот од средниот ред на Манчестер Сити ја освои Златната топка на церемонијата во Париз, која традиционално ја организира Франс Фудбал.
Спортистот бил во друштво на својата девојка Лаура, која е голема мистерија за јавноста, но за неа се познати следните детали.
Велат дека девојката на Родри не е ниту налик на сопругите на фудбалерите кои бркаат медиумско внимание, се фалат со брендирана облека и најчесто ги „краси“ вештачка убавина.
Лаура е природна убавица и не сака медиумско изложување. Синоќа направил исклучок од многу очигледна причина. Таа се појавила во фустан со отворени раменици и дискретна шминка. Поради повредата Родри морал да оди со помош на патерици, а позирал и со родителите на црвениот тепих.
Велат дека овој фудбалер е многу скромен и резервиран надвор од теренот, каде што е вистинска сила. Ниту тој, ниту неговата девојка немаат профили на социјалните мрежи, а Родри открил како се запознале: „Ја запознав во студентската резиденција кога бев во тимот на Виљареал до 21 година. Таа почнуваше со студиите по медицина и се прашуваше – што бара овој дечко овде“.
Минатата година истрчала на теренот по уште еден негов успех, а бакнежот од стадионот брзо ги зафати социјалните мрежи, каде се коментираше: „Никој нема девојка каква што има Родри“.