[ФОТО] Како изгледаше преубавата Валенсија пред катастрофалните поплави, а како изгледа денес

Точка

31/10/2024

21:19

2.385

Големина на фонт

а а а

Шпанија се соочува со разорните последици од поплавите кои ја опустошија земјата во последните 24 часа, а најтешко беше погодена Валенсија.


Градот, кој се гордее со своето богато културно наследство и живост пред поплавите, претставуваше медитерански рај.


Посетителите од целиот свет ја обожаваат Валенсија поради прекрасните плоштади и улици, модерните архитектонски чуда, шарените пазари, парковите и зелените површини како и живописните плажи.


Улиците се под вода, штетите се огромни


Меѓутоа, по поплавите ситуацијата драстично се промени. На социјалните мрежи се споделуваат тажни сцени од овој прекрасен град кои ги кршат срцата.


Улиците се под вода, а штетите на зградите и инфраструктурата се огромни. Голем број локални жители се соочија со загуба на имотот, а многумина беа принудени да ги напуштат своите домови.


Улиците на Валенсија сега се покриени со ѓубре и автомобили однесени од поплавата. Додека граѓаните се борат со последиците од невремето, одронот од зградите дополнително ја отежнува ситуацијата.


Во тек е потрагата по исчезнатите

Потсетуваме, според последниот извештај на властите на Валенсија, објавен синоќа во 19 часот и 30 минути, беа потврдени 95 загинати и многу исчезнати лица по коишто моментално се трага.


Локалните власти соопштија дека судската палата во Валенсија е претворена во привремена мртовечница додека се стравува дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг