Познатиот јутјубер почина откако беше каснат од најотровната змија на светот

Точка

31/10/2024

23:08

3.558

Големина на фонт

а а а

Јутјуберот Греам Динго Динкелман почина на 44-годишна возраст откако падна во анафилактичен шок на крајот на септември кога беше каснат зелена мамба – една од најотровните змии на светот.

Веста за неговата смрт тогаш, ја објави неговата сопруга Кирсти на неговиот Инстаграм профил.

„Динго беше каснат од отровна змија и за жал, поради неговата алергија на змиски отров, доживеа анафилактичен шок.


Покрај снимањето на Јутјуб видеа, Греам предводел специјализирани програми во Јужна Африка за размножување на загрозени видови животни, како што се влекачите и водоземците, како и едукативен центар за диви животни наменет за деца.

Зад себе ја остави сопругата и трите деца

По смртта на Греам, неговата сопруга зборуваше за јужноафриканските медиуми.

„Неговата љубов кон сите животни беше легендарна, а видеата на кои работеше со крокодили, змии и разни африкански диви животни го направија популарен на социјалните мрежи“, вели Кирсти.


„Нашите три деца Тејлор, Меди и Рекс беа центарот на животот на Динго и тој никогаш не пропушти можност да ја покаже љубовта и гордоста кон сопственото семејство. Неговото присуство донесе многу топлина, љубов, страст и смеа во нашите животи. Те сакаме Динго, и ние секогаш ќе го славиме вашето неверојатно влијание врз нашите животи“, додаде таа.


Јутјуберот Динго стана познат откако победи на натпреварувањето „#BreakTheNet“ со неговиот серијал за средби со диви животни во Јужна Африка. Поради неговиот ентузијазам за работата многумина го споредуваа со покојниот австралиски конзерватор Стив Ирвин, кој исто така почина на 44-годишна возраст кога во 2006 година беше каснат од ража додека снимаше документарен филм за Големиот корален гребен.


Тој сакаше да ги запознае луѓето со природата и дивите животни


Динго во едно интервју минатата година изјави: „Мојата страст, мојата мисија, причината поради која сум на оваа планета е да внесувам животни во животот на луѓето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг