Овој половина час од денот гарантира најдобар секс

Точка

03/11/2024

21:45

5.919

Големина на фонт

а а а

Кога е најдобро време за секс? Иако многумина ќе речат дека никогаш не е лошо време за малку акција, науката има свое мислење.

И иако многу читавме за тоа дека утринскиот секс е најдобар, новото истражување вели дека идеалното време за секс е помеѓу 22:30 и 23:00 часот - времето кога телото е најподготвено да се опушти, а умот е наклонет да ужива.


Зошто тогаш? Па, пред се, после цел ден нивото на стрес опаѓа, телото се опушта, а главата почнува да се празни од секојдневните грижи. Ова значи дека сме во вистинска состојба да се фокусираме на партнерот и интимноста. Во овој период телото природно се подготвува за сон, а сексот пред спиење може да биде многу исполнет и релаксирачки – нè опушта, го поттикнува лачењето на окситоцин, познат како „хормонот на љубовта“ и ослободува ендорфин кој носи чувство на среќа.


Дополнително, по 22:30 часот телото почнува да го смирува нервниот систем, кој е идеален за интимно поврзување и зближување. Додека лежите во кревет по напорниот ден, има совршен момент за нежност и страст, без притисок веднаш да станете и да продолжите со дневните обврски.


Сексот во ова време може да го подобри и сонот. Имено, хормонот пролактин кој се ослободува по оргазмот му помага на телото да влезе во подлабоки фази на сонот, па можете да очекувате мирен и квалитетен одмор. Истражувањата покажаа дека паровите кои водат љубов пред спиење често спијат подобро и се чувствуваат поодморено наутро.


Значи, доцните ноќни секс со себе носат посебна доза на интимност. Светлата се затемнети, нема повеќе е-пошта, пораки или повици, а вие сте во фокусот – вие и вашиот партнер, без никакво одвлекување.


Тоа е исто така одличен начин да го завршите денот, чувствувајќи се поврзано и задоволно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг