[ФОТО] Историски момент: Првиот автомобил произведен во повоена Полска конечно се врати дома

Точка

07/11/2024

13:06

7.597

Големина на фонт

а а а

Првиот автомобил произведен во Полска по Втората светска војна неодамна беше изложен во приватен музеј за автомобили во близина на Варшава.

По децении потрага по првиот автомобил произведен во Полска за време на советската ера, возилото беше пронајдено во Финска и купено по долгогодишни преговори, пренесува "AP".


Крупниот модел "Варшава М-20" од 1951 година, произведен во фабриката "ФСО" во Варшава, со оригинален фабрички сериски број 000001, е еден вид симбол на повоената индустриска потчинетост на Полска кон Советскиот Сојуз, наведува американската агенција.


„Исклучително сме горди бидејќи го вративме првиот автомобил произведен во повоена Полска“, рече Збигњев Микичиук, ко-основач на приватниот музеј во предградието Отребуси.


По напуштањето на фабриката, автомобилот му бил доделен на советскиот маршал Константин Рокосовски, кој по војната бил назначен за министер за одбрана на Полска, со што се потврдила зависноста на Полска од ССР.


„На крајот, автомобилот беше пронајден во Финска, во сопственост на семејството на рели-возачот Рауно Алтонен, но моментално не е јасно што се случило со овој автомобил пред да заврши во рацете на Алтонен“, рече Микичиук.