„Интересно“, коментира Маск откако професорот Сакс кажа дека „НАТО сакал да ја распарчи Србија, а Путин не е Хитлер и лудак“

Точка

12/11/2024

22:48

2.074

Големина на фонт

а а а

Американците ја бомбардираа Србија во 1999. НАТО 78 дена по ред го бомбардираше главниот град Белград за да ја распарчи земјата. Тоа не им се допадна на Русите – изјави американскиот професор Џефри Сакс за време на предавањето што го одржа пред две недели на Универзитетот Колумбија.

Сакс додаде дека Полска, Унгарија и Чешка се приклучија на НАТО во 1999 година, а САД „го предводеа бомбардирањето на Србија“.

Во врска со војната во Украина, тој рече дека „се започнало во 90-тите“, кога тогашниот американски државен секретар Џејмс Бејкер му ветил на Михаил Горбачов дека НАТО „нема да мрдне ниту милиметар на исток“ доколку Советскиот Сојуз ја признае обединета Германија, а потоа САД „почнал да мами“ и американскиот претседател Бил Клинтон во 1994 година го потпишал планот за проширување на НАТО сè до Украина.


Сакс на предавањето оцени дека медиумските написи за Путин како „Хитлер“ и „лудак“ не се точни.

„Ова е чиста американска пропаганда, ние играме игри овде“, рече Сакс.

Маск за предавањето на професорот објави коментар: „Интересно“.

Во периодот од 2001 до 2018 година, Џефри Сакс беше специјален советник на генералниот секретар на ОН.



Спонзорирани линкови

Маркетинг