[ВИДЕО] Албанската пејачка излегла на бина и почнала да се „гуши“! Сите говорат за ова видео, еве поради кого била на работ од солзи, во живо пред камерите

Точка

12/11/2024

14:22

2.081

Големина на фонт

а а а

Британската пејачка со албанско потекло, Рита Ора, која беше домаќин на овогодинaшното доделување на европските музички награди на Ем-ти-ви во Манчестер, не можеше да ги задржи солзите откако на сцената зборуваше за трагично починатиот Лијам Пејн.

На доделувањето на наградите, Рита одвои момент за да го спомене пејачот кој неодамна почина, велејќи дека Лијам е една од најпосебните личности со кои имала чест да се запознае.

Таа рекла дека Лијам Пејн бил еден од најљубезните луѓе кои некогаш ги запознала и размислувала за многу начини да му оддаде почит, но понекогаш е најмоќно директното обраќање пред камерата.

Додала и дека Лијам Пејн има големо срце и ги замолила сите присутни да одвојат минута за да се сетат на пријателот кој замина прерано. Пејачката едвај успеала да не прсне во плач, и низ солзи зборувала за пејачот кој почина на 16 октомври откако падна од третиот кат во хотел во Буенос Аирес.


„Сакам да го искористам овој момент за да се сетам на некој кој беше од големо значење за нас, некој што неодамна го загубивме. Тој беше важен дел од светот на Ем-ти-ви, мојот свет, и верувам дека светот на многумина од вас, како и сите ние вечерва овде“, рекла таа.

„Тој го имаше најголемото срце и секогаш беше првата личност што се понуди да помогне на кој било начин, внесуваше толку многу радост во секоја соба во која влегуваше и остави таков белег на овој свет“, додала Рита Ора.

По нејзиното емотивно обраќање, на екранот беше прикажано видео посветена на Лијам, со црно-бели снимки и фотографии од неговиот живот и песната „Night Changes“ од „Уан дајрекшн“, која беше еден од неговите најпознати хитови. На екранот се појави и натпис: „Ем-ти-ви се сеќава на Лиам Пејн“.


Потсетуваме, Лијам Пејн загина трагично на 16 октомври 2024 година на 31-годишна возраст по несреќен пад од третиот кат во хотел во Буенос Аирес, Аргентина.

Во крвта на Пејн биле пронајдени алкохол, кокаин и антидепресиви кои се издаваат на рецепт, соопштија властите. Обдукцијата покажала дека тој починал од повеќе повреди, како и од внатрешно и надворешно крварење предизвикано од падот. Три лица се обвинети дека се вмешани во трагедијата. Меѓу нив е и 24-годишен келнер кој се огласил. Аргентинската полиција која ја истражува смртта на Лиам сè уште го бара часовникот „Rolex“ на пејачот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг