Дали овој актер ќе го замени Том Круз во „Невозможна мисија“?: Тој е неговиот фаворит

Точка

13/11/2024

12:18

1.956

Големина на фонт

а а а

Откако беше објавен трејлерот за новото продолжение на „Невозможна мисија“ коешто истовремено би требало да биде последното во кое Том Круз ќе ја има главната улога, американските медиуми пишуваат дека Круз посакува Глен Пауел да биде неговиот наследник.

Во извештајот на „The InSneider“ се наведува дека Круз посакува Пауел да го замени во претстојните продолженија.

Водителот на „ESPN“, Пет Мекафе, го повика Пауел за да го праша дали овие тврдења се вистинити. На 12 ноември, во текот на неговата емисија „The Pat McAfee Show“ водителот му се јави на Пауел и му кажа дека го побарал само за да му честита.

Меѓутоа делуваше како Пауел да ги демантира гласините велејќи: „Мајка ми тоа никогаш нема да ми го дозволи“. Пауел се пошегува дека велејќи дека тоа е „најлошата работа во градот“ со оглед на акробациите во филмот. Потоа додаде дека тоа е „смртоносна замка“ потсетувајќи на фактот дека Круз самиот ги изведува овие акробации.

Меѓутоа актерот потоа почна да се смее, поради што Мекафе не му поверува и извика: „Тој лаже!“.

Неодамна најавениот филм наречен „Mission: Impossible – The Final Reckoning“, којшто треба да биде објавен следното лето изворно требаше да биде втор дел од седмото продолжение „Dead Reckoning“ од 2023 година, а исто така требаше да биде насловен „Dead Reckoning Part Two“.

Меѓутоа откако седмото продолжение не ја оствари посакуваната заработка во кината, продукцијата се реши да го смени називот. Според „Hollywood Reporter“ одлуката продолжението да се нарече последен дел, всушност претставува потег со кој продукцијата сака да ја зголеми гледаноста во кината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг