Доналд Трамп деновиве прогласи победа на претседателските избори во САД. Тој веќе беше на чело на Америка од 2017 до 2021 година, а неговиот мандат го одбележаа бројни контроверзии.
Големо внимание привлече и неговиот приватен живот, особено затоа што на позициите како свои блиски соработници ги стави ќерката Иванка Трамп и зетот Џаред Кушнер. Многумина се запрашаа и каков е односот на Иванка со нејзината маќеа Меланија Трамп, која во четирите години оставаше впечаток на жена која е незадоволна од политичките амбиции на својот сопруг. А секако неизоставен дела беа приказните на медиумите дека Иванка и Меланија не се во добри односи.
Сепак, првата сопруга на Трамп, сега покојната Ивана Трамп, еднаш откри дека Иванка ја сака третата сопруга на нејзиниот татко, за разлика од неговата втора сопруга Марла Мејплс. Во интервјуто кое еднаш го дала за „Атланик“, пренесува „Најжена.рс“, Ивана не сакала ниту да го спомене името на Марла.
„Иванка ја сака Меланија затоа што Меланија не ми го уништи бракот, како претходната, чие име не сакам ни да го споменам“, изјавила Ивана.
Друг извор пак за “Атлантик“ додал дека Иванка и Меланија се почитуваат една со друга но не се блиски.
Поранешната асистентка на Меланија, Стефани Грисом, изјави дека Меланија и Иванка „отсекогаш имале блиски односи, а ги имаат и денес“.
Ивана рекла дека во моментот на разводот со Доналд, Иванка секојдневно се враќала од училиште плачејќи и ја прашувала мајка си дали по разводот и понатаму ќе биде Иванка Трамп.
Ивана и Доналд се венчаа во 1977 година, а разводот го предизвика неговата афера со американската актерка Марла Мејплс. Нивната врска започна во 1989 година, а кога Ивана и Марла се сретнале во ресторан, љубовницата почнала да вика дека има афера со Трамп.
„Се знае, конечно сè се знае“, извикала Марла тогаш.
Трамп се ожени со Марла една година подоцна, два месеци пред таа да ја роди неговата втора ќерка Тифани. Пет години подоцна се разведоа.
Тој ја запознал Меланија во 1998 година, а се венчале во 2005 година. Следната година станале родители на синот Барон.