Ариана Гранде се појави на премиерата на нејзиниот нов филм „Wicked“ во Мексико Сити, а нејзиниот изглед ги загрижи нејзините обожаватели. Таа на премиерата се појави во фустан со длабоко деколте, a нејзиниот изглед предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.
„Таа е буквално коска и кожа“, „Ариана загрижени сме за тебе“, „Само се надевам дека си добро“, „Нејзиниот изглед навистина ме загрижува“, „Неопходно е да ѝ се помогне на оваа жена“, беа дел од коментарите на социјалните мрежи.
Неименуван извор за американските медиуми изјави дека Ариана честопати е под стрес и заборава да јаде, и кажа дека луѓето треба да размислат околу своите коментари.
Овој извор исто така вели дека, сегашната верзија на Ариана е всушност нејзината „здрава“ верзија, како и дека порано употребувала антидепресиви. Изворот им порача на обожавателите дека коментарите можат да ја повредат личноста, дури и доколку коментираат со најдобри намери.
Инаку, филмот „Wicked“ кој го промовира Аријана е адаптација на истоимениот мјузикл на Стивен Шварц и Вини Холцман, кој сез заснова врз романот на Грегори Мегваер од 1995 година.
Ariana Grande gets shy as the crowd cheers at the Wicked premiere. pic.twitter.com/kzNCyJ8yK3
— Ariana World HQ ☀️ (@ArianaWorldHQ) November 12, 2024
Покрај Ариана, во филмот „Wicked“ се појавуваат и Синтиа Ериво, Џонатан Бејли, Итан Слејтер, Боуен Јанг, Мариса Боуд и други.
Филмот беше премиерно прикажан на трети ноември во Сиднеј, додека во кината во САД ќе биде достапен од 22 ноември, а исто така потврдено е дека неговиот втор дел ќе биде објавен во ноември следната година.