Откриено што напишала кралицата Елизабета Втора во својот дневник, два дена пред смртта

Точка

12/11/2024

17:48

1.762

Големина на фонт

а а а

Содржината на дневникот на кралицата Елизабета откриена е во новата кралска биографија. На седми ноември Роберт Хардмен ја објави ажурираната верзија на неговата книга „Charles III: New King. New Court. The Inside Story“, каде што открива што напишала кралицата Елизабета во својот дневник на шести септември 2022 година.

Во текот на нејзиното владеење кралицата водела свој дневник, каде што речиси секој ден ги запишувала настаните кои се случувале во текот на денот. Па така запишала и што се случило на шести септември додека била во Балморал.


„Не изненадува тоа што кралицата водела сметка за својата документација, иако болеста ја правела сè послаба“, известува магазинот „Татлер“.

Последниот запис бил составен од само четири збора

Записот во дневникот два дена пред нејзината смрт бил едноставен: Едвард дојде да ме види. Кралицата ги напишала само тие четири зборови во својот дневник на 6 септември 2022 година.


Во тој запис, таа мислеше на Едвард Јанг, нејзиниот приватен секретар, кој ѝ помагаше да ја подготви заклетвата на новоизбраните министри на тогашната британска премиерка Лиз Трус. Додека назначувањето на Трус на 6 септември ќе се покаже како последен јавен ангажман на кралицата.


„Се покажа дека таа сè уште пишува во Балморал дури и два дена пред нејзината смрт. Нејзиниот последен запис беше актуелен и практичен како и секогаш“, напиша Хардман во книгата.

На крајот од секој работен ден го пополнувала дневникот

Кралицата водела дневник за да има евиденција во настаните кои се случувале за време на нејзините напорни работни денови и тоа ѝ помагало да се потсети што точно се случувало во текот на одреден ден.


Во 2019 година, поранешен вработен во кралската палата изјави за „The Sun“ дека кралицата Елизабета пишувала во нејзиниот дневник користејќи пенкало со црно мастило и дека секој дневник бил означен со нејзиниот код и нумериран со римски број.

Дневниците биле укоричени со кожни корици, а секој ден пишувањето во дневникот била последната активност за покојната кралица. „Без оглед на тоа колку е доцна или колку е уморна. Тоа беше неизоставна должност, а таа пишува на своето биро, а понекогаш и в кревет“, изјави поранешниот вработен во палатата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг