[ВИДЕО] Сите зборуваат за говорот на Еди Рама: „Јадат, пијат и се фотографираат, а станува збор за иднината на светот!“: Албанскиот премиер ги прозва светските лидери

Точка

13/11/2024

22:49

4.567

Големина на фонт

а а а

Албанскиот премиер Еди Рама го критикуваше Самитот за климатски промени COP29 во Баку.

Критиката се однесува на недостатокот на промени во однесувањето, и покрај убавите зборови за борбата против климатските промени.


Албанскиот премиер, Еди Рама, го критикуваше самитот за климатски промени COP29 во Баку и се запраша за значењето на меѓународните преговори за климата, доколку најголемите загадувачи не го променат своето однесување.

„Луѓето таму јадат, пијат и се фотографираат. Изгледа како сè да продолжува по старо, како што е секојдневието на светот. Животот продолжува со истите стари навики, додека нашите говори - полни со убави зборови за борбата против климатските промени - не донесуваат никаква промена,“ изјави Рама, пишува Гардијан.


Рама го истакна вчерашниот говор на генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, кој нагласи дека емисиите на јаглерод диоксид се зголемиле од последниот самит на COP.

„Што значи тоа за иднината на светот ако најголемите загадувачи продолжат по старо? Што всушност постигнуваме на овие собири, повторно и повторно, ако не постои заедничка политичка волја да се премине од зборови на дела и да го постигнеме единството за вистинска промена?“ праша Рама.




Спонзорирани линкови

Маркетинг