[ВИДЕО] Повторно се разгоре на Беласица, пожарот се приближил до црквата Св.Петар и Павле

Макфакс

13/11/2024

08:11

678

Големина на фонт

а а а

Синоќа повторно дошло до разгорување на пожарот на Беласица во близина на селото Смолари, при што истиот интензивно се приближил кон црквата Св.Петар и Павле.

„Веднаш после првите повици од жителите на селото Смолари ТППЕ Струмица испрати екипа од пожарникари-спасители кои и покрај тешко пристапниот терен успееа да дојдат до фронталната линија на пожарот и да го спречат неговото движење во тој правец.

🚨 Синоќа повторно дојде до разгорување на пожарот на планината Беласица во близина на с.Смолари, при што истиот интензивно се приближи кон црквата Св.Петар и Павле. Веднаш после првите повици од жителите на с.Смолари, ТППЕ Струмица испрати екипа од пожарникари-спасители кои и покрај тешко пристапниот терен успееа да дојдат до фронталната линија на пожарот и да го спречат неговото движење во тој правец.


🚨 Ширењето на овој пожар и покрај ниските температури е непредвидливо поради специфичноста на конфигурацијата на теренот и огромната количина на горлив материјал на тлото (висок слој на лисната маса која придонесува да се развиват доста високи температури и пожарот од приземен го развива кон крошните на дрвјата и како таков добива на интензитет).


➡️ Во случај на пожар или друга елементарна непогода, јавете се на бесплатниот телефонски број 

☎️ 1️⃣1️⃣2️⃣ / 1️⃣9️⃣3️⃣

Posted by Пожарникари - Струмица on Tuesday, November 12, 2024

Ширењето на овој пожар и покрај ниските температури е непредвидливо поради специфичноста на конфигурацијата на теренот и огромната количина на горлив материјал на тлото (висок слој на лисната маса која придонесува да се развиват високи температури и пожарот од приземен го развива кон крошните на дрвјата и како таков добива на интензитет)“, се наведува на фејсбук страната на струмичките пожарникари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг