[ФОТО] Магазинот „People“ одлучи: Џон Красински е најсексапилниот маж на светот во 2024 година

Точка

13/11/2024

11:39

1.094

Големина на фонт

а а а

Магазинот „People“ го одбра актерот Џон Красински за најсексапилен маж на светот во 2024 година.

Красински позираше за насловната страница на магазинот, а додека обожавателите го паметат како симпатичниот Џим Харпер од серијата „The Office“, овој пат тој беше претставен во малку поинакво светло. Актерот призна дека кога дознал дека ќе ја добие титулата за најсексапилен маж не можел да верува во тоа и имал „моментално помрачување на мислите“.

Од друга страна сопругата на Красински, Емили Блант беше „многу возбудена“ поради титулата која ја освои нејзиниот сопруг, а порано таа дури и се пошегува дека доколку тој некогаш ја освои оваа титула, насловната страница од магазинот ќе биде нејзина фото заднина на мобилниот телефон.

„На моите деца ќе им се допадне ова, воопшто нема да им биде чудно“, изјави Красински, мислејќи на ќерките Хејзел (10) и Вајолет (8).

Веста дека тој е најсексапилниот маж на светот во 2024 година, беше објавена во „The Late Show with Stephen Colbert“, а Џон се појави во оваа емисија со цел да ја сподели својата „урнебесна“ програма на „едноставни чекори како да станете сексапилни“.

Инаку, магазинот „People“ ја доделува оваа титула уште од 1985 година, кога титулата ја освои Мел Гибсон, а минатогодишната титула му припадна на актерот Патрик Демпси, а пред Красински титулата ја освојуваа Крис Еванс, Пол Руд, Мајкл Џордан, Идрис Елба и други.



Спонзорирани линкови

Маркетинг