Заканувачко видео за експлозија во Керамидница кое се толкува како најава за денешниот напад на Раде Трајковски Штекли е објавено на социјалната мрежа ТикТок.
„Скопје, Керамидница карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат“, се вели во видеото.
Во дворот на Штекли утрово беше фрлена бомба, од експлозијата тој беше повреден и пренсен во болницата „Свети Наум Охридски“. Од таму велат дека тој е вон животна опасност.
Во неговата куќа МВР врши убид.