Тримесечно бебе црвена панда угина во зоолошката градина во Единбург од страв од огномет, поради што управата на зоолошката градина повика на построги забрани за нивна употреба.
Кралското зоолошко друштво на Шкотска (RZSS) објави дека бебето панда Рокси угинало на Ноќта на огнот, која се слави на 5 ноември, од задушување бидејќи се исплашила од огномет, велат ветеринарите.
„Рокси можеше да влезе во нејзиното засолниште, но звуците на огномет и петарди очигледно беа премногу за неа“, велат тие.
Зоолошката градина соопшти дека е загрижена што петардите и огнометот предизвикуваат страв кај животните и ги повика шкотските и британските влади да воведат построги закони за нивна употреба.
Оваа недела до кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер беше доставена петиција со повеќе од еден милион потписи во која се повикуваат на построги казни за употреба.
Портпаролот на Одделот за бизнис и трговија на Обединетото Кралство изјави дека владата е тежнее за заштита на домашните миленици и јавноста, поради што е започната нова кампања за безбедност на петарди за да се осигури дека тие се користат безбедно и одговорно.