Ова е новиот најскап "Golf" – цената отиде "до небо"

Точка

18/11/2024

23:49

7.076

Големина на фонт

а а а

На конфигураторот на веб-страницата на "Volkswagen" во Германија се појави нова, моментално најскапа верзија на "Golf".

Откако се збогувавме со ограничената верзија на најмоќниот "Golf", пристигна нов. Атрактивниот "Golf R" сега е достапен во специјално "Black Edition" издание, кое е поскапо за околу 10%.

Во Германија почетната цена на новиот "Golf R" модел е 54.945 евра, додека "Black Edition" чини 59.590 евра.


Додатоците ја зголемуваат цената

Сепак, ова е само почетната цена, бидејќи има голем број дополнителни опции. На пример, и покрај името „Black Edition“, за црната боја на каросеријата треба да платите 810 евра.

Позитивната страна е што 19-инчните "Estoril" тркала доаѓаат како стандардна опрема, но за специјалните спортски гуми се потребни дополнителни 1.000 евра.

На крајот, цената на овој "Golf" со сите додатоци може да достигне 74.000 евра во Германија.


Перформансите остануваат исти

Што се однесува до механиката, таа е непроменета. Најмоќниот "Golf" и понатаму го придвижува 2.0 TSI мотор со 333 коњски сили, кој со погонот "4Motion" овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за само 4,6 секунди.

Новина на оваа верзија е што максималната брзина е ограничена на 270 km/h. Се на се, овој модел веројатно ќе го привлече вниманието на колекционерите и најголемите ентузијасти на германската марка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг