Новите сателитски снимки објавени од „Maxar Technologies“ сугерираат дека Русија е вклучена во она што американските власти го опишуваат како „најамбициозното проширување на военото производство од времето на Советскиот Сојуз“. Според Меѓународниот институт за стратешки студии („IISS“), изгледа дека производствениот капацитет на ракетните мотори со цврсто гориво претставува еден од најитните фокуси на Русија во последно време.
Според извештајот на „IISS“, Русија ги зголемува капацитетите за производство на ракетни мотори со цврсто гориво на пет локации поврзани со производство на цврсти горива. Сателитските фотографии на компанијата „Maxar Technologies“ во извештајот на „IISS“ не само што ја покажуваат технологијата во развој, туку и можното обновување на „заспаните“ објекти од времето на СССР и изградбата на нова инфраструктура.
New blog post: Russia is significantly expanding its solid-propellant production and development sites. The expansions are likely part of a larger push to increase missile production rates. https://t.co/vVEgti2whx
— Fabian Hinz (@fab_hinz) November 18, 2024
Идентификувањето на целта на проширувањето е комплицирано. Според извештајот на „IISS“, постои можност од тоа повеќе капацитети да се вклучени во развојот и производството на мотори за еден ракетен систем, сценарио кое првпат го документираше ЦИА кога се развиваа советските „ICBM“ (интерконтинентални балистички проектили). Поради ова, тешко е точно да се утврди точно за кое проширување на ракетната програма станува збор.
Производството на клучни хемикалии потребни за производство на цврсто гориво е исто така еден од проблемите на Русија. Според извештаите на рускиот печат цитиран од „IISS“, Русија во моментов се потпира на само еден производител на амониум перхлорат, критичен оксидант кој се користи во повеќето современи композитни погонски горива. Сојузното државно претпријатие „Анозит“ во Новосибирскиот регион, во 2022 година објави дека планира да ја обнови својата производствена линија на амониум перхлорат. Сепак, сателитските снимки сè уште не покажаа значителни промени во фабриката, така што останува нејасно дали Русија ја набавува оваа клучна хемикалија од алтернативни добавувачи.
Рускиот увоз на балистички ракети од Иран и Северна Кореја сугерира дека нивното производство на „SRBM“ (балистички ракети со краток дострел) е недоволно за војната во Украина. Проширувањето на сопствениот производствен капацитет на цврсто гориво може да ѝ овозможи на Русија да го обнови и подобри постоечкиот арсенал на клучни системи распоредени во Украина.
Долгорочно гледано, ова проширување може да ја зајакне и способноста на Русија да развива системи кои можат да претставуваат закана за членките на НАТО.
"When a thing is done, it's done. Don't look back. Look forward to your next objective."
— Defense of Ukraine (@DefenceU) November 18, 2024
George C. Marshall
The combat losses of the enemy from February 24, 2022 to November 18, 2024. pic.twitter.com/xcME8ViYjA
Како што вели Министерството за одбрана на Украина на социјалната мрежа „Х“, од почетокот на војната, Русија загуби речиси 10.000 тенкови, 19.059 оклопни борбени возила, повеќе од 20.000 артилериски системи, речиси 20.000 беспилотни летала и – најважно – повеќе од 1.000 ракетни системи за повеќекратно лансирање.