Тирам: Една работа нема да направам никогаш во животот

Дерби

21/11/2024

11:56

368

Големина на фонт

а а а

Маркус Тирам ги придоби навивачите на Интер и направи брзо да биде заборавен Ромелу Лукаку, па како напаѓач кој веќе е миленик на „Џузепе Меаца“, Французинот се обидува да придобие уште повеќе симпатизери со своите изјави.

Во последното мини-интервју кое го имаше за „Џи-Кју“ магазинот, голгетерот на Интер обелодени како бил смислен неговиот прекар, но откри и која е работата која никогаш нема да ја направи во животот.

– Кога бев мал, луѓето во моето семејство направија спој од последните зборовите „петит“ и „кус“. Така станав Тикус и оттогаш ме следи тој прекар во животот, – открива Маркус, кој во краткиот разговор го издвојува Адријано како свој фудбалски идол.

– Фудбалски гледано, тоа е Адријано, но ако зборуваме за спортот генерално, тогаш најверојатно Мухамед Али, – додава Французинот, кој за крај беше запрашан што не би направил никогаш во животот.

– Никогаш нема да навивам за Милан, – потенцира Тикус.





Спонзорирани линкови

Маркетинг