Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор (24) направи ДНК тест за да открие од каде потекнуваат неговите предци.
Синоќешниот натпревар против Уругвај се совпадна со празникот во чест на Бразилците со африкански корени, а Фудбалски сојуз на Бразил започна акција која има за цел да им помогне на репрезентативците да го истражат своето потекло.
Претседателот на бразилскиот фудбалски сојуз Едналдо Родригес, на таткото на Винисиус му врачи сертификат како потврда дека потекнуваат од Камерун, поточно од народот Тикар.
„Иако не знаев, сега сум среќен кога го гледам ова“, изјави Винисиус.
Важно е да знаете од каде потекнувате. Всушност, Бразилците генерално не знаат од каде потекнуваат нивните предци“, додаде таткото на Винисиус.
Vinícius Júnior a découvert, via un test ADN, que ses ancêtres sont originaires de la tribu Tikar au Cameroun. 🇧🇷🇨🇲
— Actu Foot (@ActuFoot_) November 20, 2024
Le joueur a reçu un certificat cette nuit confirmant ses origines.
📸 @CBF_Futebol pic.twitter.com/Uu6kdVVOv0
Инаку Винисиус многу пати се најде во центарот на вниманието бидејќи беше мета на расистички скандирања од трибините во Шпанија.
„Чест нѝ е што ги откривме африканските корени на Винисиус и неговото семејство. Веруваме дека неговото поврзување со неговите африкански корени ќе биде моќен чин на отпор, во согласност со неговата посветеност на социјалната правда во и надвор од теренот“, изјави менаџерката на проектот „Africanancestry.com“, д-р Џина Пејџ.