Пеп Гвардиола по се изгледа ги договори сите детали со Манчестер Сити и набрзо ќе стави потпис на нов договор со „светците“, вест која пристигна во време кога клубот сериозно се подготвува за премиера на документарецот.
После четирите освоени титули во домашното првенство, Сити направи документарец посветен токму на овој успех во Премиер лигата, а во најавата за документарецот „Четири во низа“, клубот објави и едно видео од соблекувалната.
Во тешкиот период од крајот на минатата сезона, Гвардиола во еден момент ги загубил нервите во соблекувалната и жестоко викал по своите фудбалери, па откако видеото стана вирално, сега со коментар се јави и Шпанецот.
– Не сум секогаш горд на тоа што го правам, посебно не на изданијата после натпреварите кога бесно ги пренесувам емоциите пред играчите.
– Човек сум и грешам, но тоа не ми се допаѓа. Не сакам да оставам таква слика, но понекогаш не можам да се контролирам, – признава Пеп.
Making history isn’t easy.
— Manchester City (@ManCity) November 16, 2024
Get ready for the relentless ride of the 4-In-A-Row season! 🍿👀 pic.twitter.com/6ksZlknqzU