Тони Надал за една одлика која ги поврзува Ѓоковиќ и Алкарас: Воопшто не ми се допаѓа, да го правеше тоа Рафа…

Дерби

21/11/2024

11:59

275

Големина на фонт

а а а

Тони Надал поради работни обврски не присуствуваше во Малга на завршниот чин во чест на неговиот внук Рафа, но како тениски експерт кој секогаш е достапен за јавноста, шпанскиот тренер даде низа интервјуа по последниот работен ден на „бикот од Мајорка“.

Надал смета дека една од најголемите одлики за Рафа е тоа што беше голем и во победите и во поразите, а додека даваше став на оваа тема, не пропушти да искритикува една работа која не му се допаѓа кај Ѓоковиќ и Алкарас.

Двајцата се познати по тоа што знаат да го стават прстот на увото кон фановите во ситуација кога ќе освојат важен поен, гестикулации кои воопшто не ги одобрува легендарниот Тони.

– Воопшто не ми се допаѓа таа одлука. Кога Федерер ќе освоеше извонреден поен, ќе подигнеше палец, или ќе ја стиснеше раката. Рафа беше препознатлив по искажувањето страст и сила во свој стил. Лично, јас не ги сакам гестикулациите со ставање прст на уво и прозивање на публиката, но тоа стана модерен тренд во тенисот и го прават се повеќе тенисери. Да го правеше тоа Рафа додека бевме заедно на турот, ќе му речев да не повтори такво нешто.

Тони Надал му беше тренер на Рафа од најмала возраст па се до 2016-та година, а за време на заедничката соработка освоија 16 грен слем титули (Рафа освои уште шест без својот чичко).



Спонзорирани линкови

Маркетинг