Гвардиола ќе остане во Сити и доколку клубот биде исфрлен од Премиер лигата

Макфакс

23/11/2024

13:13

674

Големина на фонт

а а а

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, нема дилема дали ќе остане на клупата на тимот и ако се случи најлошото сценарио и клубот биде префрлен во понизок натпреварувачки ранг.

Сити се соочува со драконска казна поради годините работа надвор од прописите на Премиер лигата.

Во тој процес, на Манчестер сити ќе му се суди за 115 случаи на прекршување на финансиските прописи кои го регулираат деловното и спортското работење на клубовите во Премиер лигата.

Евертон еднаш беше казнет со одземање десет бода за многу помали прекршоци, па оттука многумина очекуваат лигата да ја изрече најтешката казна за „граѓаните“ досега кога станува збор за вакво прекршување на прописите.

Гвардиола, кој пред два дена го продолжи договорот со клубот и ќе остане во Сити до 2026 година, нема намера да го напушти клубот дури и ако испаднат во третата или четвртата лига.

„Го кажав тоа пред шест месеци, го кажав тоа во сите мои интервјуа. Не се работи за тоа колку е Пеп добар бидејќи го продолжив договорот. Го кажав пред шест месеци, пред една година и кога сите клубови не обвинија. Што ќе се случи доколку испаднеме? Јас ќе останам овде. Секоја година ќе одиме погоре и погоре и ќе се вратиме во Премиер лигата. сега“, изјави Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг