Аморим пред дебито на клупата на Јунајтед: Мора да имам поинаков пристап од тој на Фергусон

Дерби

24/11/2024

11:33

315

Големина на фонт

а а а

Фановите на Манчестер Јунајтед со нетрпение го очекуваат денешниот дуел со Ипсвич, кој ќе означи почеток на ерата под водство на Рубен Аморим и се надеваат дека екипата ќе им се врати на посакуваните изданија.

Португалскиот стручњак прифати да преземе сериозна одговорност среде сезона и сигурно ќе биде под голем притисок да испорача нешто ќе направи разлика во однос на натпреварите под водство на Ерик тен Хаг, а досега покажа дека одлично се снаоѓа во комуникацијата со новинарите.


– Можам да бидам „насмеаниот“, но кога имаме работа за завршување ќе бидам поинаков.

– Постојат моменти кога можам да бидам забавен, но и можам да бидам и немилосрден кога е потребно. Ако некој мисли само за себе, ќе бидам поинаква личност во односот со него.

– Ова е клуб кој треба да освојува трофеи, но сега е поинакво време и јас не можам да бидам како Алекс Фергусон. Мора да имам поинаков пристап, но тоа не значи дека нема да барам многу од фудбалерите, – рекол Аморим на последната прес-конференција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг