Еврото на најниско ниво во однос на доларот во последните две години

Нетпрес

24/11/2024

14:26

1.343

Големина на фонт

а а а

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути порасна и минатата седмица, третпат по ред, при што еврото падна на најниско ниво од ноември 2022 година.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, минатата седмица зајакна за 0,8 отсто, на 107,49 поени, највисоко ниво за повеќе од една година.

Истовремено, курсот на еврото во однос на доларот падна за 1,1 отсто, на 1,0420 долари, а во еден момент се спушти на 1,0333 долари, најниско ниво во последните две години.


Американската валута зајакна и во однос на јапонската, за 0,3 отсто, па нејзиниот курс достигна 154,75 јени.

Зајакнувањето на доларот трета седмица по ред се должи, меѓу другото, и на пригушените очекувања дека американската централна банка ќе продолжи со агресивно намалување на каматните стапки.

Последните макроекономски податоци потврдија дека американската економија солидно расте, дека пазарот на трудот е стабилен, а инфлацијата и натаму е значително над целното ниво од 2 отсто.

Ова е во прилог на тезата што неодамна ја истакна претседателот на Fed, Џером Пауел, дека централната банка не треба да брза да ја олесни монетарната политика.


До неодамна, пазарот проценуваше дека има повеќе од 80 отсто шанси Fed да ги намали каматните стапки за дополнителни 0,25 отсто во декември, но сега тие шанси се само меѓу 50 и 60 отсто.

Од друга страна, Европската централна банка (EСB) се очекува да продолжи да ги намалува клучните каматни стапки за да го поттикне растот на заспаната економија на еврозоната.


Под притисок е и еврото поради ризикот од ескалација на војната меѓу Русија и Украина, кризата на германската влада и неизвесноста во однос на францускиот буџет.

Како резултат на тоа, еврото падна во однос на доларот трета недела по ред и падна на најниските нивоа во последните две години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг