Историски момент на Гинеколошката клиника: Мајка од Скопје на 61 година првпат стана мајка

Макфакс

26/11/2024

12:52

2.136

Големина на фонт

а а а

Во светот на медицината повеќе не постојат граници и македонската медицина може да се мери со онаа во светот, изјави пред новинарите директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиоска-Папестиев, по повод раѓањето бебе од највозрасната мајка во државата – 61-годишна проворотка.

Бебето се вика Петар, а 61-годишната мајка останала бремена со сопствена јајце-клетка, која била замрзната.


Жената е породена со ин витро процедура, бременоста ѝ била следена во Македонија, а раѓањето е завршено на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, изјави директорката.

Петар е тежок 2 килограма и 350 грама и долг 48 сантиметри.

Алексиоска-Папестиев изјави дека пациентката претходно имала три интервенции, од кои две во Белград, а една на ГАК.


Во текот на бременоста, која била контролирана, имала висок притисок и шеќерна болест, но сè поминало во најдобар ред.



Спонзорирани линкови

Маркетинг