[ФОТО] "Фиќо" на две тркала – што велите?

Точка

27/11/2024

13:43

3.216

Големина на фонт

а а а

Брендот "Platum", италијанскиот специјалист за „урбана микромобилност“, го претстави "E-Moped 500" – електричен скутер во стилот на класичната "Vespa".

"Pininfarina" беа одговорни за ретро дизајнот на овој скутер, а "Centro Stile Fiat" им помогна.

Името на моделот 500 со интегрирано „е“ треба да потсетува на електричниот "Fiat 500", па да речеме дека ова е некакво електрично „Фиќо“ на две тркала.


Скутерот, пишува "Motor1", припаѓа на класата L3 (еквивалент на 125 кубни метри) и нуди автономија од околу 112 километри со едно полнење.

Заменливата батерија исто така го олеснува полнењето дома, а "Platum" не дава никакви информации за моќноста на моторот, но велат дека максималната брзина е околу 80 км/ч.


13-инчното предно тркало треба да биде „добар сојузник против дупки и калдрма“, според "Pininfarina", а "Platum" исто така ветува пространа преграда за кацига под седиштето.

Цените за овој модел сè уште не се познати.