Докторите дале сè од себе, но безуспешно: Кејт Мидлтон ја добила најлошата вест од почетокот на борбата со ракот

Точка

28/11/2024

21:04

29.643

Големина на фонт

а а а

Млада пациентка заболена од рак, која ја запознала Кејт Мидлтон така што направила листа на познати личности со кои сакала да се фотографира – за жал, почина.

Кејт Мидлтон е длабоко потресена од смртта на Лиз Хатон, која почина на само 17-годишна возраст, помалку од една година откако ѝ беше дијагностициран неизлечив дезмопластичен мал клеточен тумор. Оваа тешка болест се дијагностицира само 12 пати годишно, а лекарите рекле дека на тинејџерката од Харогејт ѝ остануваат шест месеци до три години живот, во зависност од ефективноста на хемотерапијата.

Скршената мајка Вики Робајна се простила од својата „неверојатна ќерка“ и оддала почит на „љубезноста, емпатијата и храброста“ кои ги покажала. Таа додала и дека сега има празнина во нивните животи која никогаш нема да се пополни.

„Нашата прекрасна Лиз почина во раните утрински часови. Беше одлучна до крај. Дури вчера ми кажа дека сака да има медицинска сестра за да може да прави повеќе работи. Таа си замина во пламенот на славата речиси со сите кои ги сакаше, и сите ги виде последен пат на нејзината изложба минатата недела“, рекла мајката.

Лиз направила листа на работи кои сакала да ги направи, вклучително и објавување на нејзините слики во списанија. Таа се нашла на насловните страници кога била прегрната од принцезата од Велс, откако Лиз добила дозвола да снима во замокот Виндзор.

Тогаш со неа биле нејзината мајка, очувот Арон и братот Матео, а потоа била поканети на чај со кралското семејство.

„Никогаш не мислев дека ќе можам да направам нешто толку големо. Кога ја направив мојата листа, само запишав некои идеи. Не очекував ништо од тоа да се оствари“, изјавила таа по средбата.

Минатиот месец, таа работеше со фотографи на печатот на премиерата на „Venom: The Last Dance“.

Кејт Мидлтон, која и самата се лекуваше од рак оваа година, и нејзиниот сопруг Вилијам во порака на почетокот од есента ја опишале Лиз како „талентирана млада фотографка чија креативност и сила двајцата нè инспирираше“.