[ФОТО] "Toyota" ја претставува прошталната "Supra" со брутална изведба

Точка

29/11/2024

10:42

3.051

Големина на фонт

а а а

"Toyota" најави дека ќе го означи крајот на актуелната генерација (A90) на "Supra" со специјална "GR" верзија. Серијата "Final Edition" е ограничена на само 300 примероци, од кои само дел ќе бидат испратени на Стариот континент. И веројатно "разграбани" во рекордно време.

Имено, покрај тешката шминка, "Supra" доби и забележително подобра механика. За почеток, 3.0 твин-турбото на "BMW" сега произведува 435 коњски сили и 570 Nm, поврзан со шестстепен мануелен менувач. Во превод, плусот е 95 коњски сили и 70 Nm, што е многу забележливо. И во исто време, треба да се има предвид дека инженерите на "Toyota" не ја променија само електрониката, туку промените беа далеку поопсежни.


Тие поставија еден вид подлога за прскање (плочка за преградување) во картерот за да спречат нерамномерна распределба на маслото при екстремна употреба на патот, ладењето е подобрено и одзади е инсталиранактивен диференцијал.


Покрај сите модификации, треба да се додаде и прилагодливата суспензија "KW" моделирана по тркачкиот "GR Supra GT4", се со цел оптимално управување на автомобилот. Пневматиците "Michelin Pilot Sport Cup 2" се со дијаметар од 19 инчи напред и еден број поголеми позади. 19 инчи во дијаметар се и "Brembo" дисковите.


Да споменеме како "Toyota" паралелно ја подобри и стандардната "Gr Supra", но задржувајќи ги истите карактеристики на моторот. Опцијата со 2.0 мотор не се споменува. И цените се непознати, но не се сомневаме дека сите достапни количини брзо ќе бидат распродадени.

Списокот на нарачки во Европа се отвора во јануари следната година.