[ФОТО] Не е за сечиј џеб: „Renault“ го претстави својот најскап SUV

Точка

25/09/2026

08:20

665

Големина на фонт

а а а

„Renault Rafale Hypnotic“ е најскапиот SUV на марката и чини 63.550 евра.

„Renault“ го претстави „Rafale Hypnotic“, ограничена серија на својот водечки купе-SUV модел. Со цена од 63.550 евра во Франција, ова во моментов е најскапиот SUV со знакот на „Renault“.

„Rafale Hypnotic“ е базиран на пакетот „Atelier Alpine“, но добива мат црна боја „Forest Black“, црна маска, потемни ознаки и 21-инчни алуминиумски фелни со сатенска завршна обработка.


Во кабината се комбинирани „Alcantara“ и текстилен тапацир со сини, бели и црвени шевови.

Инструмент-таблата исто така е обложена со „Alcantara“, додека седиштата имаат осветлени ознаки „Alpine“.


Во секој примерок се наоѓа нумерирана плочка, а производството е ограничено на 1.500 возила.

Сериската опрема вклучува „Matrix LED“ фарови, панорамски покрив „Solarbay“, аудиосистем „Harman Kardon“ со девет звучници, „head-up“ дисплеј, автоматско паркирање, камера од 360 степени и предни седишта со греење.


Возачкото седиште има и функција за масажа.

За погонот е задолжен „plug-in“ хибридниот систем „E-Tech 4×4“ со вкупно 300 КС (221 kW).


Комбинацијата ја сочинуваат 1,2-литарски трицилиндричен турбобензински мотор и три електромотори.

Батеријата со капацитет од 22 kWh овозможува до 105 километри возење на електрична енергија според стандардот „WLTP“.


Автомобилот има систем за управување на сите четири тркала („4Control Advanced“) и активна суспензија која користи камера за предвидување на нерамнините на патот.

Цената во Франција изнесува 63.550 евра, што е 3.300 евра повеќе од верзијата „Atelier Alpine“ и 7.800 евра повеќе од „Rafale Esprit Alpine“ со истиот погонски систем.


Нарачките на 14 европски пазари започнуваат на 1 октомври, додека првите испораки се планирани за крајот на 2026 година.

„Rafale Hypnotic“ официјално ќе биде претставен пред јавноста на Саемот за автомобили во Париз на 12 октомври.