Драма во Лос Анџелес: Дојава за бомба во куќата на Арнолд Шварценегер

Точка

30/11/2024

16:48

2.279

Големина на фонт

а а а

Сомнителен пакет на улица во луксузниот кварт Брентвуд, каде живее познатиот актер и поранешен Мистер Универзум, Арнолд Шварценегер, бил пријавен околу 10:30 часот на Денот на благодарноста во четвртокот.

Заканата за бомба најпрво беше објавена од „TMZ“, кој ова го окарактеризира како инцидент со „swatting“ (сторителите преку лажни изговори предизвикуваат итна реакција на полицијата против жртвата), пренесува Лос Анџелес Тајмс.


Портпаролот на полициската управа во Лос Анџелес не можеше да потврди дека полицајците реагирале токму на адресата на куќата на Шварценегер, но потврди дека имало повик за сомнителен пакет околу 10:30 часот во четвртокот на истата улица во Брентвуд – каде што живее Шварценегер.

„Утврдено е дека нема докази за каков било експлозив“, изјави полицаецот Кевин Терзес од полициската управа во Лос Анџелес.


Инаку како што изјави извор близок до Шварценегер, тој во тие моменти се наоѓал во теретана, додека тој самиот сè уште не се огласил во врска со овој инцидент.


Филмската ѕвезда и поранешен гувернер долго време живее во Брентвуд, а се најде на насловните страници минатата година, откако си зеде за право да ги поправи дупките во соседството – акција која не беше одобрена од градот.



Инаку, Арнолд беше избран за гувернер во 2003 година по импичментот на тогашниот гувернер, Греј Дејвис, а мандатот му траеше до 2011 година.