[ФОТО/ВИДЕО] Руската актерка (24) загина во Тајланд, огромен бран ја повлече од карпата во море

Точка

02/12/2024

17:01

8.937

Големина на фонт

а а а

24-годишната руска актерка Камила Бељаскаја почина во Тајланд откако огромен бран ја повлекол во морето додека вежбала јога на карпа, пренесува Дејли мејл.

Еден од посетителите кој во тој момент случајно се нашол во близина скокнал во морето за да ѝ помогне, но безуспешно, а засега не е познато што се случило со него. Набрзо пристигнала спасувачка екипа, но актерката не преживеала, додека на социјалните мрежи се проширија снимки и фотографии направени откако бранот ја однел во морето.



Странските медиуми пишуваат дека Камила со своето момче престојувала во Тајланд, поточно на островот Ко Самуи. Пред нејзината смрт, таа се огласи на социјалните мрежи при што кажа дека многу го сака местото, опишувајќи го како „најдоброто место на Земјата“.


„Карпестата плажа е најдоброто нешто кое некогаш сум го видела во животот. Ти благодарам вселено, што сум овде во моментов. Многу сум среќна“, кажа актерката.

Ги повикаа туристите да одбегнуваат карпести области

Во извештајот објавен по трагедијата, властите ги повикаа туристите да одбегнуваат карпести области за време на високи бранови. Потрагата по телото на актерката продолжува, а се обидуваат да го лоцираат и човекот кој наводно се обидел да ја спаси. Момчето на Камила и други сведоци дале изјави во полиција.

„За време на сезоната на монсуните, постојано ги предупредуваме туристите да ја почитуваат забраната за пливање на такви подрачја. Иако местото каде што се случи инцидентот не беше капалиште, туку видиковец, така што жртвата веројатно не очекувала бранови“, додаде Чајапорн Суппрасерт, шефот на спасувачкиот центар „Самуи“.