Николо Ѕаниоло доби величествен третман од Рома во периодот кога имаше тешка повреда на коленото и кога се стравуваше за неговата фудбалска кариера, но неколку години подоцна, фановите на „Олимпико“ дочекаа момент да гледаат како офанзивниот италијански фудбалер слави гол против „волчицата“ како тоа да му е најважно нешто во светот.
Откако имаше неуспешна авантура во Премиер лигата, Ѕаниоло го комплетираше кам-бекот во Серија А и ја засили Аталанта, тим во кој фактички е резерва, но во кој сепак редовно добива шанса.
Zaniolo makes it two! ✌️#RomaAtalanta 0-2 pic.twitter.com/MEkHVdKjAo
— Lega Serie A (@SerieA_EN) December 2, 2024
Разиграната Аталанта изминатава вечер стигна до осма победа во низа и потврди дека може да биде претенденд за титулата во Серија А, но тема број еден во Рим е прославата која ја режираше Ѕаниоло пред очите на некогашните навивачи.
Тифозите на Рома бурно го исвиркаа Ѕаниоло кога тој влегуваше во игра, но неполни 30 минути подоцна гледаа како тој постигнува гол за 0:2 и го решава прашањето околу победникот.
Николо реши да им се реваншира на навивачите со еуфорична прослава и соблекување на дресот, со што си обезбеди статус на „персона нон грата“ на „Олимпико“.