[ФОТО] Пејачката со албанско потекло речиси непрепознатлива по шишањето: Дали омразената фризура ќе стане нов тренд?

Точка

03/12/2024

23:11

3.560

Големина на фонт

а а а

Рита Ора се појави во речиси непрепознатливо издание на „British Fashion Awards“ во Ројал Алберт Хол во Лондон. Имено, таа ја скратила косата и ги осветлила веѓите.

Оваа „mullet“ фризура беше особено популарна во текот на 1980-тите. Иако по овој период многумина ја исмејуваа, се чини дека таа се враќа на големата врата.



Инаку пејачката беше облечена во сако, широки панталони и кошула. Изгледот го комплетираше со нагласена шминка и накит, а на овој моден настан се појави заедно со нејзината мајка Вера.



Рита не се плаши да ризикува кога е модата во прашање, па така неодамна носеше фустан од пердуви на доделувањето на „MTV Europe Music Awards“.


Инаку, Маја Јама и Коџеј Радикал втора година по ред се домаќини на доделувањето на „British Fashion Awards“. Меѓу другото, партнерот на Ријана, раперот АСАП Роки, ја доби наградата „Cultural Innovator“ откако оваа година беше дел од бројни кампањи на луксузни брендови, а дебитираше на модната недела во Париз.


Инаку во Ројал Алберт Хол беа присутни и многу други познати личности, меѓу кои Ријана, Џо Џонас, Селма Блер, Џулија Фокс, Алесандра Амбросио, Ана Винтур и други.