Моника Белучи е специјална гостинка на 21. Меѓународен филмски фестивал во Маракеш во Мароко, каде што вчера присуствуваше на дискусија за оперската дива Марија Калас, „Марија Калас Моника Белучи: Средба“, откако ја играше познатата пејачка во театарот.
Италијанската актерка Моника Белучи со децении се смета за најубава жена на светот, дури и по влегувањето во седмата деценија од животот. Кога е убавината во прашање, на Моника Белучи годините ништо не ѝ можат.
Филмската дива Моника Белучи е и се смета за најубава жена на светот, дури и по влегувањето во седмата деценија од животот. Кога е убавината во прашање, за Моника Белучи сè уште нема зима.
Актерката ги воодушевила сите кога му се придружила на партнерот Тим Бартон на 21-от Меѓународен филмски фестивал во Маракеш, Мароко, каде изгледала неверојатно гламурозно во шик црна тоалета, со наметка, којашто ги истакнала нејзините облини.
На тоа додала и пар црни чевли со високи потпетици, како и мини црна чанта со дијамантски украс.
Меѓутоа, веднаш штом се појавила, обожавателите побрзале да се фотографираат, што таа го дозволила.
А одблиску можеле да потврдат дека нејзината скромна шминка ја истакнува природната убавина на Моника, поради што таа важи за една од најубавите жени досега.
Иако, сепак, на 60-годишна возраст на нејзиното лице се гледаат некои брчки.
Во исто време, на социјалните мрежи кружат приказни дека актерката не одолеала на ставењето ботокс.