Фенербахче го искористи киксот на Галатасарај и се приближи на „минус три“ од лидерот на табелата, сето тоа откако вчера победи на домашен терен против Газиантеп.
Избраниците на Жозе Мурињо долго се мачеа и го скршија отпорот по измените кои ги направи „специјалниот“, бидејќи двата гола за 2:1 и 3:1 беа постигнати во последните 12 минути.
Един Џеко беше стрелец на голот со кој беше осигурана победата, а токму Босанецот во друштво на Душан Тадиќ го привлече вниманието со потезите и по крајот на мечот.
Имено, двајцата Балканци биле задолжени за воведување ред на теренот, односно им одржале лекција на своите соиграчи по последниот судиски свиреж.
Босанецот и Србинот побарале од сите соиграчи да направат круг околу теренот за да ги отпоздрават сите навивачи на трибините, а ваквите потези сигурно ќе им донесат дополнителна почит и кај искусниот Мурињо.
Tadic ve Dzeko’ya bakın oyunculara bütün stadı alkışlattırıyor 💛💙
— Dert Bahçe (@Goatvekili) December 2, 2024
pic.twitter.com/WYiz6Nk6Sg