[ВИДЕО] Мајката на единствената Британка заложник на Хамас: Се плашам од најлошото, но Трамп ми дава надеж

Макфакс

04/12/2024

09:39

465

Големина на фонт

а а а

Мајката на единствениот британско-израелски заложник што го држи Хамас, ги опиша за Би-би-си нејзините растечки стравови за животот на нејзината ќерка по повеќе од 400 дена во заробеништво.

Емили Дамари (28) беше киднапирана од Хамас од нејзиниот дом во јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

„Се плашам дека е мртва“, рече нејзината мајка Менди во своето прво телевизиско интервју за Би-би-си.

„Ако не е мртва, тогаш не добива доволно храна, не може да се измие, да пие вода, може да биде болна. Страда од куршуми во раката и ногата… Се грижам секој ден, се грижам секоја секунда бидејќи во следната секунда може да биде убиена, само затоа што е таму“.

Менди Дамари ја повика британската влада да стори повеќе за да обезбеди доставување на хуманитарни материјали до заложниците додека траат преговорите за нивно ослободување. Таа, исто така, ја поздрави изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе создаде „пекол“ доколку заложниците не бидат ослободени пред да ја преземе функцијата во јануари, велејќи: „Тоа ме направи малку пооптимист“.

Вооружени лица на Хамас ја раниле Емили и го убиле нејзиното куче кога го нападнале Израел пред речиси 14 месеци. Според Би-би-си, Менди се криела кога Хамас ѝ го нападнал домот, а била спасена кога еден од куршумите ја блокирал бравата на вратата од собата во која се криела.

Тој ден беа убиени околу 1.200 луѓе, додека Емили и уште 250 други беа однесени во Газа како заложници.