Две лица паднаа од зграда во Кисела Вода: Жената починала на местото на несреќата, 9-годишно дете пренесено во болница

Макфакс

04/12/2024

10:37

8.188

Големина на фонт

а а а

Вчера во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на територија на Кисела Вода, две лица паднале од зграда.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека жената на возраст од 69-години Д.С. од Скопје од здобиените повреди починала на местото на настанот, додека деветгодишен малолетник од Скопје се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош.



Се преземаат мерки за расчистување на случајот.