Ердоган: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Макфакс

04/12/2024

09:13

304

Големина на фонт

а а а

Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес за да спречи влошување на ситуацијата во таа земја разорена од војна, изјави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со премиерот на Ирак, Мухамед Шија ал-Судани.

„Приоритетот на Турција е во зачувувањето на мирот надвор од нејзините граници, како и во заштитата на цивилите“, рече Ердоган, пренесува Anadolu Agency.


Тој ја истакна важноста на единството, стабилноста и територијалниот интегритет на Сирија, додавајќи дека Турција по ова прашање е на иста страна како Ирак.

Ердоган истакна дека Анкара, во согласност со својата национална безбедност и интереси, презеде и ќе преземе чекори за да ја спречи терористичката организација ПКК и нејзините ограноци, кои сакаат да имаат корист од развојот на настаните, се вели во соопштението на кабинетот на турскиот претседател, пренесува медиумот.