Мота го прецртал „проблематичното момче“, Јувентус ќе го продава уште во јануари

Дерби

04/12/2024

13:35

1.328

Големина на фонт

а а а

Николо Фаџоли се врати на фудбалските терени после суспензијата која ја издржуваше во период од седум месеци, но „проблематичното момче“ на Јувентус сега е много поблиску до заминување, отколку до останување во Торино во пресрет на јануарскиот преоден рок.

Иако кам-бекот го направи уште на крајот на минатата сезона под водство на Макс Алегри, Фаџоли во прв момент успеа да се наметне и кај новиот тренер Тиаго Мота, но според последните информации од Италија, актуелниот тренер на Јувентус не е задоволен од талентираниот играч за врска.

Според Мота, Фаџоли не е тип на фудбалер кој може да одговори позитивно на неговата фудбалска филозофија, па поради тоа, ги известил водечките луѓе на Јувентус да слушаат понуди за Николо уште во јануари.

Младиот 23-годишен играч за врска западна во втор план и не бил стартер за Јувентус на последните седум натпревари, а како што тврди „Газета“, Јувентус веќе го ставил на трансфер листата и очекува да инкасира околу 25 и 30 милиони евра.

Според информациите, Мота смета дека овие средства ќе може да ги пренамени за играч за врска со поразлични карактеристики, па првичниот план му е двете операции да бидат реализирани уште во јануари.