Милијарди телефони седат во фиоки: Постојат две главни причини зошто луѓето чуваат стари уреди

Точка

19/12/2024

15:01

5.180

Големина на фонт

а а а

Како што се приближува новогодишните празници, милиони луѓе ширум светот ги подаруваат своите стари паметни телефони на членовите на семејството и пријателите. Иако оваа практика станува се почеста, истражувањето на "GSMA", организацијата која ги претставува мобилните оператори на глобално ниво, открива дека огромен број стари уреди сè уште лежат во фиоки.

Според истражувањето на 10.000 потрошувачи од 26 земји, околу 40% од паметните телефони добиваат „втор (или трет) живот“, без разлика дали се подаруваат, тргуваат или се продаваат. Сепак, дури 75% од корисниците сè уште имаат барем еден стар уред кој не се користи, што претставува меѓу 5 и 10 милијарди неискористени телефони ширум светот.


Зошто телефоните собираат прашина?

Причините за чување на старите телефони вклучуваат:

- Чување важни фотографии и спомени (27%)

- Неизвесност за тоа што да се прави со стариот уред (20%)

Сепак, сè повеќе луѓе се одлучуваат за рециклирање, поттикнати од финансиски стимулации и гаранции за безбедност на податоците. Оваа промена во однесувањето го покажува глобалниот тренд кон кружна економија, каде отпадот се намалува и ресурсите повторно се користат.

Рециклирањето на старите телефони може значително да ја намали побарувачката за суровини. "GSMA" проценува дека со рециклирање на само половина од 5 милијарди неискористени уреди, може да се повратат материјали вредни до 8 милијарди долари како злато, сребро и кобалт. Овие ресурси може да се искористат за производство на нови паметни телефони, па дури и батерии за електрични автомобили. Истражувањето исто така открива дека 14% од телефоните што се користат во моментов се купени како половни или реновирани уреди, а предводник е Велика Британија – речиси 10% од потрошувачите таму користат реновирани телефони.

Продажбата на користени телефони се зголеми за 6% во 2023 година, додека продажбата на нови уреди падна за 4%. Овој тренд сугерира дека пазарот на користени телефони ќе ја надмине продажбата на нови уреди во иднина.


Заклучоци од истражувањето на "GSMA"

Просечниот животен век на телефонот пред замена е околу три години.

Главните причини за замена на телефоните се проблеми со батеријата (90%) и перформансите (87%).

Околу 60% од корисниците планираат да купат нов телефон во следните две години, додека постарите корисници ги чуваат своите уреди подолго.

Одржливоста станува сè поважна кога се донесуваат одлуки за купување, при што 49% од испитаниците го навеле ова како клучен фактор при изборот на нивниот следен телефон.