Џорџ и Амал Клуни поголемиот дел од годината го поминуваат во Европа, а веќе неколку месеци уживаат во Прованса во нивниот луксузен замок за кој платиле неверојатни 8,3 милиони долари. Сопружниците често го посетуваат монденското одморалиште Сен Тропе, па неодамна беа фотографирани таму, додека оделе на романтичен ручек во познат ресторан.
Сен Тропе и во декември се капе во сонце, па холивудскиот актер и неговата убава сопруга Амал Клуни избрале типични летни комбинации. Згора на тоа, атрактивната бринета нè изненади во досега невидено издание.
Имено, додека Џорџ Клуни се одлучил за опуштена елеганција, носејќи сини деловни панталони и црна поло маица, Амал избрала младешки бохо стил.
Славната адвокатка за човекови права одлучила да покаже многу гола кожа, избирајќи ултра кратки тексас шорцеви во кои дошле до израз нејзините многу долги, витки нозе и исклучително витката линија. И додека е општо познато дека г-ѓа Клуни е многу витка и висока, реткост е да ја видите во ултракратки шорцеви.
Амал носела романтична бледо розова блуза со тантела во комбинација со шорцеви, а сето тоа го заокружила со кожена чанта „Клое“ во боја на кожа со златни детали и со плетени кломпи со дрвена потпетица.
Сопружниците биле одлично расположени, а Џорџ, како и секогаш, гордо ја држел за рака својата згодна сопруга.