Даночните инспектори упаднаа на наградната игра на јутјуберот Стефан Лазаров и Боки 13: Боки се повлече - Лазаров ги откажа гала вечерите

Точка

15/12/2024

18:01

9.929

Големина на фонт

а а а

Како што објави радио „Лидер“, вчеравечер инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП) упаднале во локал во Штип, каде Јовановски и Лазаров организираа настан за наградната игра без дозвола.

Додека денес шоуменот Бојан Јовановски (Боки 13), објави дека се повлекува од големиот проект со јутјуберот Стефан Лазаров, односно наградната игра во која доделуваат бројни и вредни награди на социјалните мрежи, а при тоа образложи дека го напушта проектот поради здравствени проблеми.


„Поради нанесениот и преживеан стрес, а во насока на мојата влошена здравствена состојба, ви соопштувам дека во овој момент се повлекувам од моето јавно појавување како гостин и промотивно лице на забавниот проект ‘Giveaway’, кој е во организација на мојот најдраг пријател Стефан Лазаров.

Му давам максимална морална и пријателска поддршка на Стефан за успешно завршување на проектот.

За сите останати прашања, коментари и ставови, одговорите ќе ги дадам при моето гостување во Лазаров поткаст, во вторник (17 декември) во 21 часот.

Ви благодрам за вашата најискрена поддршка, која ми ја дадовте во огромен број во овој период.

Со почит,

Бојан Јовановски – Боки 13

П.С. Бедна е среќата која се темели на нечија болка и солзи“, напиша Јовановски.


Од друга страна, Лазаров ја потврди синоќешната инспекција од УЈП, и потврди дека наградната игра ќе продолжи но без најавуваниот гламур - наместо тоа ќе се одвива во студио.

„Заради новонастанатата ситуација наредните планирани настани ги откажувам. Гивавејот продолжува, а извлекувањата ќе се одржат во моето студио“, објави Лазаров на Инстаграм.


Инаку, согласно членот 2 од законот за организирање на игри на среќа, Лазаров и Боки 13 морало да ја пријават нивната наградна игра, и да ја добијат потребната дозвола за организирање на наградната игра од Министерството за финансии.